понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тилерсон му се заканил на Ким: Продолжи со оваа политика и ќе те нападнеме

Тилерсон му се заканил на Ким: Продолжи со оваа политика и ќе те нападнеме

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, предупредил дека Северна Кореја, ако не се одлучи да преговара за својата нуклеарна програма, која претставува се поголема опасност за САД, би можела да предизвика воен одговор.

“Ние сите треба да бидеме многу трезни и реални во оваа ситуација”, рекол Тилерсон на прашањето дали Америка треба да биде загрижена поради можноста од војна.

Тој истакнал дека Северна Кореја продолжила да напредува во својот нуклеарен вооружен програм преку термонуклеарни тестови и во областа на интерконтиненталните балистички ракети.

“Мораме да препознаеме дека заканата е се поголема и дека доколку Северна Кореја не го одбере патот на соработка, дискусија, преговори, тогаш самата ќе ја започне таа опција”, рекол тој.

Неговата бескомпромисна порака уследила по собирот во Ванкувер, на кој присуствувале 20 земји кои биле на страната на САД во текот на Корејската војна од 1950. до 1953. година, а во време кога се појавил скептицизам меѓу сојузниците по прашањето за искреноста на Пјонгјанг во воспоставувањето на дипломатски односи со Северна Кореја.

Тилерсон нагласил дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, трага по дипломатско решение во нуклеарниот спор, но и додал дека Северна Кореја допрва треба да се покаже како “кредибилен преговарачки партнер”. Тој, како што се наведува, одбил да одговори на прашањето дали Белата куќа разгледува ограничена воена акција против официјален Пјонгјанг, а по повод наводите на медиумите дека некои луѓе во администрацијата ја заговараат таа идеја.

И покрај остриот став на Вашингтон и одлучноста да продолжи да врши притисок на Северна Кореја, Трамп покажал отвореност за преговори со Пјонгјанг. По низата навреди и закани кои со месеци ги разменувал со Ким Јонг Ун, Трамп во интервју минатата недела рекол дека тие двајца би можеле да имаат позитивен однос.