четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос: Време е да се дејствува

Рамос: Време е да се дејствува

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека играчите на „кралскиот клуб“ се свесни за одговорноста за ситуацијата во која се наоѓаат.

Во понеделникот тренерот Хулен Лопетеги доби отказ, а до назначување нов шеф на стручниот штаб функцијата ќе ја врши Сантијаго Солари.

  • Свесни сме и чувствуваме одговорност за оваа ситуација. Но сега нема време да зборуваме, време е да се дејствува. Денес ќе го направиме првиот чекор, објави Рамос.

Реал вечер од 19:30 часот го очекува натпревар од шпанскиот куп против Мелила.