четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Том Круз го стопираше снимањето на продолжението на „Топ Ган“, причината ќе ве изненади

Том Круз го стопираше снимањето на продолжението на „Топ Ган“, причината ќе ве изненади

Актерот Том Круз одлучи да го паузира снимањето на продолжението на филмот „Топ Ган“, за неколку месеци да се посвети на учење, односно што подобро да ја одигра улогата на пилот.

-Одлучи да научи да управува со борбен авион. Не сака тоа да го прави каскадер, вели режисерот на филмот Џозеф Косински.

Новиот „Топ Ган“ ќе се базира на истражување на улогата на Пит Маверик во модерната војска, а режисерот неодамна објасни на кој начин продолжението на филмот ќе биде поврзано со првиот дел кој се појави пред повеќе од 30 години.

-Морнарицата е многу поинаква од онаа што беше во 1986 година. Во тој момент во минатото, немаше никакви војни претходните 15 или 20 години. Сега, во годината во која сме, морнарицата е во војна веќе 20 години. Поинаков е светото сега, па не можеме да направиме римејк на првиот филм, туку мора да го адаптираме, објасни режисерот.

„Топ Ган: Маверик“ треба да се ајде во кино салите на 12 јули 2019 година.

Познато е дека Том Круз не сака да ангажира каскадери, дури кога се во прашање сцени опасни по животот.