петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кировски: Граѓаните не се согласуваат со даночните политики на власта

Кировски: Граѓаните не се согласуваат со даночните политики на власта

Во најновата анкета на телевизија Телма која беше објавена вечерва стои дека добар дел од Македонците се разочарани од погрешните политики на оваа влада.

-Тоа значи дека има сепак добар дел од Македонците кои што се разочарани од компромисот со Грција и сметаат дека се предадени некакви национални интереси. Второ има незадоволни и заради одредени најави за пазарење и за ради одредени даночни политики за кои што граѓаните не се согласуваат и тоа се рефлектира на тие рејтинзи, потенцира Кировски.

Тој додава дека огромен е бројот на Македонци кои што се разочарани од сите овие политички процеси и пазарења и таа бројка изнесува дури 26 проценти од етничките Македонци кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Најнови вести