петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Верувам дека ќе бидеме во топ 4

Мурињо: Верувам дека ќе бидеме во топ 4

Пред 13.коло во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на осмата позиција на табелата, на 7 поени од првите четири места, кои носат пласман во Лигата на шампионите. Менаџерот Жозе Мурињо сепак не е загрижен и дури е оптимист дека неговиот тим може да го надомести заостанувањето уште до крајот на календарската година.

– Разликата е голема, но до крајот на декември има осум круга. Зборуваме за 24 поени што може да ги освои секој тим. Верувам дека ќе бидеме во топ 4. Едноставно, сега е моментот да собереме поени за да се искачиме до местото каде што сакаме да бидеме, изјави Мурињо на денешната прес-конференција.

Утре „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Вест Хем на „Олд Трафорд“. За мечот, Португалецот ќе може да се потпре на целиот состав, откако сите досега повредени веќе се подготвени за игра.

– Марсија, Валенсија, Фелаини, Рашфорд и Лукаку, кои имаа некакви поплаки, се подготвени да играат в сабота. Исто со одредена доза на ризик, би рекол и за Пол Погба, додаде Мурињо.

МИА