вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација ја одби жалбата: Пешевска останува во домашен притвор

-Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Со моето апсење повредени се законот и Уставот. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Ме држеа 16 часа со лисици на рацете, рече Пешевска.
Апелација ја одби жалбата: Пешевска останува во домашен притвор

На денешната јавна седница на Апелациониот суд во Скопје судиите одлучија пратеничката Жаклина Пешевска да остане во куќен притвор.

Седницата се одржа по жалбата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, која се жалеше на одлуката на кривичниот суд да ѝ биде продолжен куќниот притвор за учество во настаните во Собранието на 27 април минатата година. Таа на денешната седница се произнесе дека не е виновна и бараше да ѝ се укине куќниот притвор.

-Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Со моето апсење повредени се законот и Уставот. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Ме држеа 16 часа со лисици на рацете, рече Пешевска.

Нејзиниот адвокат, Боро Тасевски, рече дека решението на Кривичниот суд за куќниот притвор не содржи факти и докази.

Најнови вести