четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Исчезнати 3 малолетни девојчиња од Скопје

Исчезнати се три малолетни девојчиња од Скопје.
Исчезнати 3 малолетни девојчиња од Скопје

Утрово во 06:17 часот во Полициска станица Чаир, Д.С. (38) од Скопје пријавил дека на 23.12.2017 година околу 19:00 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години.

Исто така, утрово во 06:14 часот во Полициска станица Чаир, М.Н. (43) од Скопје пријавил дека на 23.12.2017 година околу 19:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила и неговата малолетна ќерка на возраст од 15 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.