вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арифи: За функционирање на Законот за јазиците потребни се казни

Арифи смета дека казните предвидени во Законот за употреба на јазиците се потребни за негова имплементација.
Арифи: За функционирање на Законот за јазиците потребни се казни

Универзитетската професорка Беса Арифи вели дека Законот за јазици од 2008 многу малку се применувал.

Според неа, фактот што државните службеници многу малку биле информирани дека постои еден ваков закон, го покажува нивото на имплементација на законот во пракса.

-Овој закон впрочем е донесен во 2008 година, а во пракса особено во одредени институции многу малку се спроведува, вели Арифи.

Арифи смета дека казните предвидени во Законот за употреба на јазиците се потребни за негова имплементација.

На конференцијата за  „Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“, таа заклучи дека претходните законски решенија, не биле имплементирани во пракса.

Најнови вести