вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за дилер од Бутел кај кого се пронајдени 290 килограми марихуана

Обвинение за дилер од Бутел кај кого се пронајдени 290 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство достави обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 и предлог да се продолжи мерката притвор за лице од Бутел во чиј дом биле пронајдени 295,3 килограми марихуана.

– Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, псрихотропни супстанции и прекурсори.

Дрогата била пронајдена на 4 јануари при претрес на неговиот дом во Бутел.