недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец заработи кривична пријава, фатен со марихуана

Тетовец заработи кривична пријава, фатен со марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги” и против Х.Е.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 15.09.2018 година околу 00.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото во кое биле и пронашле и одзеле марихуана.