петок, 22. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Апсења во Гостивар поради поседување на марихуана

Апсења во Гостивар поради поседување на марихуана

На 03.02.2019 година во периодот од 19:30 до 20:50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на Н.И.(36) од Гостивар.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица.

Исто така, во полициска станица било приведено и лицето Г.Н., кое било затекнато во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.02.2019 година околу 18:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар полициски службеници ги лишиле од слобода З.Х.(26) и Г.Е.(44) од Гостивар.

При личен  преглед, кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.