понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ: Социјалните мрежи постигнаа напредок во борбата против говорот на омраза

ЕУ: Социјалните мрежи постигнаа напредок во борбата против говорот на омраза

Европската унија смета дека големите компаниии сопственици на социјалните мрежи ги зајакнале своите напори за отстранување на говорот на омраза на интернет.

Комесарот на ЕУ за правосудство, Вера Јоурова изјави дека кодексот на однесување од 2016 година „добро функционира“ и дека компаниите како „Фејсбук“, „Јутјуб“ и „Твитер“ реагираат во рок од 24 часа во просек во 89 отсто од случаите на кои им е укажано.

Компаниите во просек ја отстрануваат содржината во 72 отсто од случаите.

Јоурова рече дека никогаш не би барала да се отстрани целата содржина, бидејќи е потребно да се почитува и основното право на слобода на изразување.

Статистиката на ЕУ покажува дека „Јутјуб“ отстранил 85,4 отсто од спорните содржини, „Фејсбук“ – 82,4 проценти, а „Твитер“ – 43,5 отсто.