четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Славески: Изгледа како нешто да шкрипи во економијата

Славески: Изгледа како нешто да шкрипи во економијата

На вечерашната емисија „Тренд Анализа“ на телевизија 24 гостуваше професорот и член на извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славески кој кажа дека катастрофално е да има 1, 09 % реализација на капиталните трошоци како за почеток на годината.

Тој истакна дека во претходните години како во 2012 , 2013 и 2014 секогаш реализацијата на капиталните трошоци односно инвестиции биле повеќе од 4 % додека сега имаме едвај 1 % .

Исто така Трајко Славески кажа дека во 2018 година Македонија имала најмала реализација на капиталните инвестиции од реални 50 % што е најниска реализација на капитани инвестиции во последните 10 години.