четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед за прв пат во историјата со осум гостински победи во низа

Манчестер јунајтед за прв пат во историјата со осум гостински победи во низа

Манчестер јунајтед синоќа го победи Кристал Палас во натпреварот од 28. коло на англиското фудбалско првенство. За „црвените ѓаволи“ ова беше осма победа по ред на гостински терен во сите натпреварувања што е нов клупски рекорд.

Извонредната серија на Јунајтед доаѓа под водство на Оле Гунар Солскјер кој го презема тимот во декември од Жозе Мурињо.

Норвежанецот во Премиер лигата го предводеше Манчестер на 11 натпревари и не изгуби ниту еднаш (9 победи и 2 нерешени).