вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Нова опција на Месинџер: Еве како може да го активирате „Dark mode“

Нова опција на Месинџер: Еве како може да го активирате „Dark mode“

Фејсбук одамна најави дека ќе овозможи нова опција, односно нов изглед – „Dark Mode“ (темен режим) за Месинџер, меѓутоа, четири месеци подоцна компанијата сѐ уште не ја објави достапноста на функцијата и како таа може да се активира.

Иако социјалната мрежа официјално не ја објави опцијата, во апликацијата постои една кратенка која им овозможува на корисниците да го активираат темниот изглед.

Темниот режим на Фејсбук Месинџер може да се активира со задржување на емоџито од полумесечина во некој од вашите разговори. Веднаш откако ќе задржите ова емоџи неколку секунди, би требало горе на екранот да ви се појави известување „You Found Dark Mode!”, а под него ќе забележите и опција која овозможува да се активира режимот, со назнака „Turn on in Settings”.