СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При претрес во домот на пријавениот во Штип, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.