понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска за српски „Експрес“: Не ја признавам промената на името на мојата држава

Силјановска за српски „Експрес“: Не ја признавам промената на името на мојата држава

На конвенцијата на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ одржана на 16 февруари, Гордана Силјановска Давкова е избран за претседателски кандидат за претседателските избори во Република Македонија закажани за 21 април, пишува српски „Екпрес“.

За кандидатура се јавија околу десетина опозициски лица и таа победи во првиот круг поддржувајќи ја 408 делегати, од вкупно 553 делегати присутни на конвенцијата, а гласаа вкупно 519.

Што ве натера да се пријавите за кандидат и што според вас му пресуди на ВМРО-ДПМНЕ на вас да ви ја довери кандидатурата на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април?

-Јас секако можам да говорам во свое име и сопствената мотивација да влезам во политичкиот ринг и да се обидам во трката за претседател на Републиката. Едноставно дојдов до сознанието дека како професор по уставно право и како интелектуалец нема да ми бидат доволни да го спречам и понатаму рушењето на националните интереси и нивна распродажба од страна на власта.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, партијата овозможи фер соочување на сите пријавени кандидати и одржа демократска конвенција за избор. Така да тука ништо претходно не може да биде договорено, бидејќи влегов како аутсајдер, како некој кој не е член на партијата, како жена, а освен тоа имав и силни против кандидати (тука мислејќи на пратеникот во парламентот Влатко Ѓорчев).

Што се за вас распродажба на националните интереси?

Го променија Уставот и името на државата иако Собранието претходно донесе резолуција дека Уставот и името не смее да се менуваат. Промената на името на државата е најдобар пример за распродажба на националните интереси. Власта не се одрече само од постоењето на македонското постоење во соседната држава, туку и од македонскиот народ со што го поништија правото на самоопределување (основано во 1944 на заседанието на АСНОМ), што е основно право, па сега Македонците се еднакви со помалите етнички заедници во земјата.

Вашиот против кандидат Стево Пендаровски го поддржаа Албанците. Најпрво лидерот на СДСМ Заев нагласи дека Пендаровски го поддржале сите етнички заедници во Македонија, како и 31 партија од коалицијата на чие чело е СДСМ. Се чини дека тоа е голема предност. Чија поддршка вие ја имате? Кој ќе гласа за вас?

-Тоа е слика која владејачката партија сака да ја создаде и пред да ги праша граѓаните Албанци, но и останатите. Идејата е мене да ме претстават исклучиво како претставник на Македонците, а притоа забораваат дека јас веќе ја добив поддршката од бојните партии и здружувањето на српските, турските, ромските и другите граѓани. За разлика од процедурата која веќе ви ја опишав, СДСМ си поигра со внатрешната демократија па така прво распиша јавен конкурс, а потоа одлучи за својот кандидат кој го избраа во хотелот „Хилтон“ на затворен избор. Вистина е дека СДСМ постигна голем успех кај албанските гласачи на претходните избори, но денес незадоволството е големо кај сите гласачи без обѕир на етничката припадност, вели Силјановска.

Целото интервју на кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова можете да го прочитате ТУКА.

Најнови вести