сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев лани викаше дека сме добиле датум за преговори со ЕУ, а сега бара изговори за неисполнетите реформи (ФОТО)

Заев лани викаше дека сме добиле датум за преговори со ЕУ, а сега бара изговори за неисполнетите реформи (ФОТО)

Зоран Заев бара изговори и обвинува други за неговата неспособност земјава да ја внесе во Европската Унија, иако пред една година самоуверено се фалеше дека Македонија  добила датум за преговори за членство во ЕУ.

Имено, минатата година кога Европската Унија повторно ни даде условена препорака со три услови кои мора да ги исполниме Заев тоа го пренесе како историска одлука на ЕУ да ни даде датум за почеток на преговори. Тој тогаш викаше дека се е готово и гордо ќе зачекориме низ вратите на Европа.

Откако по една година СДСМ и владата не ги исполнија  условите и ги влошија состојбите за кои ЕУ имаше забелешки, премиерот Заев наместо да ја признае грешката тој почна да се расфрла со обвинувања кон опозицијата дека таа ќе биде виновна доколку не добиеме датум за преговори.

Сепак се што зависеше од опозицијата беше исполнето. Заев доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони кои беа од значење за евроинтеграцијата на Македонија. Предлог промените во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство исто така се во насока на европеизација, бидејќи истите се базираат на меѓународните стандарди и основните човекови права, што е морална обврска на државата на патот кон ЕУ.

Причината поради која Заев ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ е тоа што тој како премиер која предводи владата на СДСМ потфрли да ги исполни трите услови кои ги постави ЕУ минатата година.

ЕУ од земјава побара судски реформи и  справување со корупцијата, но по една година  Македонија  тоне во корупција, а судството далеку од реформирано. Транспаренси интернешнл објави дека за 2018 година   се наоѓаме на 93 место на индексот за корупција,  додека пак Народниот правобранител објави дека за 2018 година граѓаните најмалку веруваат во судската власт.   Во извештајот на Народниот правобранител се вели дека  долгото траење на постапките е основниот проблем,  а голем е и бројот на претставки во кои граѓаните изразуваат незадоволство од судските одлуки за кои сметаат дека се донесени пристрасно, селективно, под притисок и политичка мотивираност.

Исто така,  наместо реформи во безбедносните и разузнавачките служби јавноста беше сведок на скандалот со прислушкување на јавното Обвинителство за периодот откако Зоран Заев е премиер, а наместо реформи во јавната администрација добивме уште поголема и пообемна администрација чиј број вртоглаво расте.

Најнови вести