вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата демантираше, Заев потврди дека отворена е дебата за легализација на марихуаната во туристички места

Владата демантираше, Заев потврди дека отворена е дебата за легализација на марихуаната во туристички места

Премиерот Зоран Заев во текот на едно негово обраќање, остави отворен пат за прашањето за легализација на марихуаната. Иако самиот заев смета дека Македонија се уште не е подготвена за ова, тој рече дека светските трендови се движат кон користење на марихуаната за задоволство. Светот го прави тоа заради туризам, а дискусијата во Македонија за ова останува отворена, рече Заев.

Потсетуваме дека ТВ21 пред 4 дена цитирајќи доверливи извори, информираше дека Владата во Скопје сериозно го разгледува прашањето за легализација на марихуаната, а во првата тест фаза, да формира два мини – Амстердами, Охрид и Струга, но тогаш од страна на портпаролот на Владата инфорацијата беше демантирана.

Најнови вести