вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Со глуп не вреди да се расправаш, ќе те добие на искуство

Латас: Со глуп не вреди да се расправаш, ќе те добие на искуство

Во својата најнова колумна на новинарот Драган Павловиќ Латас тој прави осврт на очекувањата од изборната кампања за претстојните претседателски избори, а која започна денеска.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од колумната на Драган Павловиќ Латас објавена на вечер.мк.

Во нормално време изборот на изборите пред нас би бил лесен и извесен. Стево Пендаровски, во нормално време, не би можел ни да се кандидира. Не само затоа што животот го поминал како тврд полицаец, а полицајци се претседатели има само во отворени диктатури, многу повеќе затоа што тој е ставање сол на лутата рана на Македонија која се уште болува од тиранската платформа и промената на уставното име. Тоа би било изживување со една нација.

Како што е општо познато , можат во Липково, Арачиново или Сарај да ги наполнат кутиите да течат ливчиња од нив на сите страни и да се објави бројка дека Пендаровски добил мандат за претседател но, секој писмен знае дека тоа – не е победа.

Да, има Македонци кои за инет ли, за интерес ли или од навика ќе гласаат за Пендаровски но, тоа е бушење на заедничкиот брод кој се вика Македонија, и на кој брод само Македонците немаат гуми за спасување. Другите си добиле од нивните матични, национални држави. Македонците друга држава немаат, па немаат ни гуми за спасување.

Најпосле, Стево Пендаровски јавно тврди дека македонскиот народ е глуп. Овци. Безвреден за политика. Па, ако некој смета дека после сето тоа треба да го части со највисока функција тој што гази врз него, тоа не е веќе политички проблем. Поголем е.

А со глуп не вреди да се расправаш. Ќе те добие на искуство.

Вадењето: живееме во такво време не е ни изговор, ни избор. Согласувањето дека треба да се однесуваш како другите е согласување дека тебе во тој свет – те нема. Не мислиш, не делуваш, не избираш… само следиш. Живееш во туѓо, а не во свое време.

Прифаќаш ли дека си глуп и безвреден, овца во стадо како што тврди Стево Пендаровски?!

Има и трети кои повикуваат на бојкот на изборите.

Демек, ако гласаш ти ја потврдуваш Северна Македонија како факт. Па тоа е факт, потврдил некој на избори или не, фактот останува ист и после изборите. Државата однеодамна постои под тоа име, и не гледам како бојкот може да смени фактот.

Бојкотот на референдум имаше своја политичка и правна цел и задача. Референдумот за Северна Македонија како законска обврска бараше излезност од 50% +1 гласач за да се смета за успешен, како референдум. Значи, ако има бојкот и нема излезност, нема промена на уставното име. Чиста, јасна и прецизна цел и задача за бојкотирање.

Тоа не се случи, дојде трговијата со пратеници, и законот е прекршен, што е секому јасно. Тоа што некој на сила и со присила успеал да го изигра референдумот е добра основа за во иднина, кога односот на силите на Балканот ќе се смени како што секогаш се менувал, да се отвори прашањето на уставното име на државата, и да се избрише Северна.

Бојкотот на претседателските избори нема ништо од тоа. Чист каприц.

Дали со бојкотот се придонесува Стево Пендаровски да не биде избран за претседател ако ги наполнат кутиите при мала излезност? Не. Напротив, им се дава шанса за манипулација.

Бојкотот во големи размери значи немање цензус и нови избори за два месеци. И тие ли ќе се бојкотираат… па после и третите во низа. И се така, сеирот да не пропадне.

 

Најнови вести