Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република остварија средба со Чешка делегација, предводена од Јан Хамачек, заменик-претседател на Владата и министер за внатрешни работи на Чешката Република, напиша пратеничката Жаклина Пешевска на својот Фејсбук профил.
-На средбата ја истакнав јасната определба на ВМРО-ДПМНЕ за членство на Република Македонија во НАТО и Европската унија, но изразив и жалење за начинот на кој беше спроведен процесот за промена на Уставот неземајќи ги предвид неуспешниот референдум и волјата на граѓаните, додаде Пешевска.