сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„ММФ веднаш осудува мешање на политика во избор на Гувернер“

„ММФ веднаш осудува мешање на политика во избор на Гувернер“

Професорот на Економскиот факултет д-р. Трајко Славески во гостување во емисијата „Во светот на бизнисот”, на телевизија Алфа појасни дека многу е важно на изборите да се избере претседател за да може тој да помогне во промоцијата на државата во странство и да помогне во процесот во привлекување на странски инвестиции, како и привлекување на туристи и промоција на државата.

Мене ме загрижува една изјава од ДУИ, коалиционен партнер во владата за време на кампањата за заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, дека таквата коалиција ќе доведело до тоа да се назначи гувернер албанец. Тие ги перцепираат сите функции како да треба да бидат етнички. Мислам дека веќе имаат реагирано меѓународните финансиски институции посебно ММФ, со своето искуство знам дека тие се многу чувствителни и поаѓајќи од нашиот Устав каде позицијата Гувернер е независна и самостојна и има многу важна улога во зачувувањето на монетарната зависност и зачувување на нашите заштеди, секој таков обид макар и како глас пуштен веднаш го осудуваат, потенцираше професорот Славески.