недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Марихуана во сред кампања

Марихуана во сред кампања

Вчера, некој ми кажа дека нашиот премиер објавил мошне важна вест на својот профил на Фејсбук. Си реков, да не дошле конечно Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) во Македонија? Или можеби 15 нови млади старт-ап компании отвориле 15 нови работни мести за високо образовани инженери (не зборувам за старт-ап компаниите поддржани од Фондот за иновации кои на срамен начин парите наменети за креативците им ги дадоа на сдсмовската политичка, клептократска, и медиумска клика, туку за оние вистински млади јунаци коишто тука градат свои компании)?, напиша на својата Фејсбук страница кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

-Се израдував и дека можеби 15 студенти регистрирале 15 патенти, потпомогнати од Владата или дека 15 земјоделци засадиле 15 нови лозја, изградиле 15 хипермодерни стакленици за патлиџани со највисока технологија или создале 15 нови сточни стада со нови раси. Си велам, да не 15 ученици или студенти од Македонија победиле на 15 светски натпревари по математика, физика, роботика, астрономија? Или, пак, 15 спортисти зеле златни медали на првенства и направиле 15-милионски трансфери во клучните светски клубови? Или 15 млади македонски писатели и поети завршиле на кусите листи за 15 клучни светски литературни награди? Но, не била за тоа објавата…, потенцира Силјановска и додава:

„Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија? Наместо да објавуваме важни вести за развој на индустријата, за поддршка на старт-ап бизниси, за воскреснување и вознес на македонската култура, иновативност, спорт и уметност, ние имаме премиер за кого важна вест и досега единствен економски проект во двегодишното работење е давањето лиценца за производство на марихуана!“.

Најнови вести