среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Нема да замижам пред кршењето на уставното и меѓународното право

Силјановска Давкова: Нема да замижам пред кршењето на уставното и меѓународното право

Јас нема да замолчам пред кршење на меѓународно право и уставното право. Јас ќе ги почитувам двата договори, рече Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која учествува на втората телевизиска дебата, а говорејќи во контекст на кажувањата на противкандидатот Пендаровски дека таа немала да ги почитува договорите кои ја воделе Македонија напред. Пендаровски инаку говореше за Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

Силјановска посочи дека нејзиниот став е јасен за ЕУ и дека таа самата одамна е дел од ЕУ.

-Македонија од секогаш била дел од Европа, јас одамна сум во ЕУ членувајќи во институциите како претставник на фелата на која припаѓам. Никогаш нема да се однесувам поданички, зошто мала, средна или голема држава секоја има свое место. Клучот се Копенхагеншките критериуми, владеење на правото, квалификувана администрација, жестока борба со корупцијата и криминалот, зошто тие го загрозуваат суверенитетот на државата, рече Силјановска.

Најнови вести