петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкетите децидни: Силјановска има сигурно водство во Скопје пред Пендаровски

Анкетите децидни: Силјановска има сигурно водство во Скопје пред Пендаровски

Според најновата анкета на агенцијата МЦМС, а која беше изработена по нарачка на Телевизија Телма, Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во Скопје.

Силјановска е омилениот кандидат на скопјани, а зад неа е Пендаровски. Гордана Силјановска има поддршка од 27,4% додека за кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски својот глас би го дале 24,9% од испитаниците.

Ваквиот тренд се забележува и на анкетата на агенцијата М – Проспект спроведена на репрезентативен примерок од 1.197 лица постари од 18 години во период од 04 – 10 април.

Имено во правата изборна единица, во која се населените места Сарај, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Македонски Брод, односно централното градско подрачје на градот Скопје, Силјановска ужива поддршка на 32.4% од бирачите, Пендаровски би го гласале 31.5%, додека Река 10.8%, 13.6% не би гласале за ниту еден од кандидатите, 8% се уште не одлучиле кого ќе поддржат, а 3.8% одбиле да одговорат.

Ова е голем скок за опозицискиот кандидат Силјановска, што е имено и прво водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица после подолг период.

Познавачите на приликите велат дека Скопје е показател на расположението на народот во целата држава, резултатот кој ќе се постигне во Скопје ссе прелева како бран во остатокот од државата.

Најнови вести