четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Силјановска: На кутиите се добива битката, гаранцијата за фер и демократски избори ќе биде поголема ако вие како река излезете и гласате

Силјановска: На кутиите се добива битката, гаранцијата за фер и демократски избори ќе биде поголема ако вие како река излезете и гласате

Тука сме собрани за да им порачаме дека на денот на гласањето на гласачките кутии ќе го чујат народниот глас, а тој ќе биде НЕ за нив ДА за нас. Не посочуваат како чудо од земја за корупција и криминал, срамна констататација, каде што има корупција и криминал, суверенитетот на државата е загрозен, ова вечерва на најмасовниот митинг досега пред владата го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Направија рај за корупција и криминал неколку семејства ја управуваат Македонија небаре живееме во феудализам и на тоа ќе ставиме крај на 21 април, а потем и на 5 мај. На кутиите се добива битката, гаранцијата за фер и демократски избори ќе биде поголема ако вие во олкав број како што сте денеска тука, како река како Вардар излезете и гласате. Гласате за оние кои носат промени, не заради мене, јас сум реализирана жена, јас сум постигнала се во мојата професија, но мислам дека ако се нафатив на овој предизвик тоа е заради Македонија, демократијата и просперитетот како и европска Македонија, вели Силјановска.

Таа додава дека не смееме да им оставиме простор за повторни византиски парламентарни игри, бидејќи ако нема цензус од 40 проценти ќе си го сменат Уставот.

-За нив постапката не е ништо тешко, не ја почитуваат и ќе си решат претседателот да се бира во Собранието. Погодете тогаш на каков начин тогаш ќе се бира претседателот? На нивен, со пазар, со политички пазар. Сета власт која сега ја има сегашниот претседател ќе биде во нивни раце, а она што јас го нарекувам конзулски систем ќе прерасне во диктатура или ако сакате во републиканска монархија, бидејќи тие сами си се крунисаа за монарси, истакна Силјановска.