петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата пронајде марихуана во автомобил на гостиварец- во него имало и две малолетни деца

Полицијата пронајде марихуана во автомобил на гостиварец- во него имало и две малолетни деца

Вчера околу 13.50 часот, во гостиварското село Топлица, запрено е возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал С.А.( 22 ), а во кое се наоѓале и Е.Л.( 20 ) и две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, сите од Топлица.

При преглед на возилото, пронајдена е марихуана.

Четворицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.