Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(21) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 31.05.2018 година во Кичево полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т.Т.(28) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 27.12.2018 година во Неготино полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.