четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шокантни тврдења за односот на принц Вилијам: Ја третираше Кејт како да му е слугинка

Шокантни тврдења за односот на принц Вилијам: Ја третираше Кејт како да му е слугинка

Ендрју Мортон, авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријатели се чудат како воопшто завршиле во брак.

Во книгата за кралската двојка зборувале луѓе кои се дружеле со нив додека биле во врска и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, Вилијам, наводно, ја третирал Кејт како слугинка.

Кога Вилијам и Кејт во 2007 година накратко ја прекинаа врската, бројни пријатели помислиле „Конечно се заврши тоа“, тврди Мортон.

Вилијам ја држел Кејт на поводник и ја сфаќал здраво за готово, па често ја игнорирал во друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

„Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и кавги. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка“, рекла една пријателка на кралската двојка и додала дека принцот со Кејт можел да прави сè што ќе посака.

Најнови вести