На 27.05.2019 година околу 14:00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Tетово, полициски службеници ги лишиле од слобода албанските државјани О.М.(25) и Е.Т.(21).
При нивен преглед била пронајдена марихуана, по што биле задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.