четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Спасила бебе во последен момент: Мајката почнала да се породува среде улица, а потоа се појавила оваа храбра девојка

Спасила бебе во последен момент: Мајката почнала да се породува среде улица, а потоа се појавила оваа храбра девојка

Една градежна работничка од Мјанмар добила породилни болки насред улица во Бангкок.

Во ветеринарската клиника, во близина на местото на породувањето, Тајланѓанката Вари Лимругсуко се грижела за едно куче, кога во ординацијата влегло едно лице велејќи дека жена се породува на улица и дека бебето не плаче.

Иако пред тоа никогаш не лечела луѓе, доколку ветеринарката не притрчала на помош, прашање е како се ќе се завршело.

Вари на улицата затекнала бебе кое веќе попримило розова боја.

Почнала да го масира, а потоа го однела во клиниката.

Се погрижила дишните патишта на бебето да бидат проодни и продолжила да го масира градниот кош. Бебето конечно почнало да диши и силно заплакало.

После овој подвиг на ветеринарката, мајката и бебето биле префрлени во болница.

“Ветеринарка сум и лечам животни повеќе од десет години, но вакво нешто никогаш не сум доживеала”, рекла таа.