сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Македонските натпреварувачи ги покорија сите останати: Двајца наши победници на „Никад није касно“

Македонските натпреварувачи ги покорија сите останати: Двајца наши победници на „Никад није касно“

Во четвртата сезона на тален шоуто „Никад није касно“ победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ.

Бејхан доби најмногу СМС гласови од публиката, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

-Добро се чувствувам, сакам да пеам и на турски и на српски јазик. Шериф Конјевиќ ми е идол, изјави Рамов по победата.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук.

Ленче Кукиќ која ѝ е добро позната на македонската јавност, ги собра симпатиите на стручното жири, а беше најдобра и според гласовите на Фејсбук.

-Ви благодарам за ова, не знаете колку многу ми значи. Уште сум под импресии. Можам да ви ветам дека ќе продолжам да сонувам и да ја изненадувам публиката – рече Кукиќ откако ѝ го врачија признанието.

Нејзиниот сопруг Горан Кукиќ победи во првата сезона на истото шоу. Веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.

ИЗВОР: Женски магазин

Најнови вести