понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Дали Дончев ќе ги наполни џебови и потоа со странскиот пасош ќе замине од Македонија?

Николов: Дали Дончев ќе ги наполни џебови и потоа со странскиот пасош ќе замине од Македонија?

Иако од Министерството за здравство, тврдат дека превземаат чекори за унапредување на јавното здравство и тоа во повеќе категории, сепак реалноста е различна. Се прават силни напори за деградирање на јавното здравство и тоа  по сите основи, а најмногу кадровски и организациони, ова денеска на прес-конференција го истакнаа Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче и Ден Дончев продолжуваат со реализација на своите лични бизнис интереси и бизнис интересите на компании блиски до Владата. Се фаворизираат само одредени приватни здравствени институции, и сето тоа  на сметка на граѓаните, или едноставно речено се фаворизира распродажба на јавното здравство. Кардиохирургијата функционира на основа на услуги и цени платени за тие услуги којшто цени се договорени во четири очи, и во изминатиот период  беа покачени во два наврата без некое реално оправдување. Станува збор за цени повисоки дури и за 45 проценти! Замислете, Покачување на цените за здравстени услуги договорени во четири очи, не еднаш туку два пати во изминатиов период?! Не цени договорени според јавно наддавање за услуга, туку со привилегии за одредени приватни здравствени установи, вели Николов.

Тој прашува како е можно тоа да се случува само за детската кардиохирургија, а додека  останатите хируршки интервенции да немаат никаква промена на цените?! Како е можно инфлацијата да ја погоди само кардиохирургијата?!

-На граѓаните им се сервираат единствено лаги за подобро здравство, а станува збор само за повисоки цени за здравствени услуги за одредени приватни здравствени установи, се еден збор ни се случува уништување на јавното здравството. И сето ова се  продава преку проект таканаречен јавно-приватно партнерство. Паралелно, бескрупулозно продолжува и процесот на префрлање на знаењето од јавното здравство во приватното здравство. Филипче и Дончев, продолжуваат со уништување на се што е направено во јавното здравството. Прашуваме: Дали Дончев чека уште извесен период за да ги наполни своите џебови и џебовите на лица блиски до Владата, па потоа со својот странски пасош да замине од земјата? Ни помалку ни повеќе, Филипче и  Ден Дончев си поигруваат со здравствениот систем, а на сметка на бизнис интереси на поединци! За да му тргне на здравстениот систем и на здравство потребно е Филипче и  Ден Дончев  веднаш да заминат и да ги напуштат функциите, потенцира Николов.

Најнови вести