вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата под удар на политиката

Полицијата под удар на политиката

Не застанува притисокот и политизацијата во полицијата. Под нов полициско-политички бран се најдоа 30 полициски службеници, кои овие два дена биле повикани во Бирото за јавна безбедност каде што, според наши извори, биле принудувани да потпишат решенија со кои што сами бараат прераспоредување на позиции кои се неколку скалила под нивниот ранг. Извори за нашиот медиум посочуваат дека притисокот од вчера е засилен.

Командир на полициска станица за гранична контрола Деве Баир со наредба бил преместен во сменоводител во граничната полиција во Крива Паланка, за веднаш потоа да добие нова наредба за инспектор во Недозволена трговија во СВР Куманово, со оддалеченост повеќе од 70 километри од местото на живеење.

Началник на Регионален центар Исток бил присилуван да потпише барање да биде правник во РЦ Исток, а веќе денеска добил наредба за сменоводител во Струмица, што е повеќе од 100 километри подалеку од местото на живеење.

Четворица полициски службеници од Делчево од денеска со наредба се прераспределени во СВР Струмица.

Началникит од Граничната полиција е деградиран , спротивно на законот за полиција, шест нивоа по вертикала, со тоа што му е издадена наредба да извршува работни задачи како помлад инспектор во општина која е цели 150 киломертри подалеку од неговиот дом. На негово место е поставен, унапреден службеник за цели три скалила. Тоа е надвор од сите правила и од системот за кариера кои постојат во законот за МВР.

Дека се рабиоти за смислено понижување, мобинг и тортура, покажува и фактот дека на истиот припадник на полицијата не му се намалени бодовите, а со тоа ниту платата. Целта е тој да попушти под понижувањата кои му ги приредуваат веќе две години и тој самиот да потпише барање за смена на решението.

Од вчера има нова наредба, а тоа е да извршува задачи како помлад инспектор во Струмица. Секако, на наредбата за преместување претходел повик во БЈБ и нова сеанса за самиот да потпише разрешување.

Ова се само неколку еклатантни примери, што покажува под каков притисок и самоволие се 30-тмина полициски службеници зафатени мобинг, тортура и злоупотреба од раководните лица на полицијата поставени од Оливер Спасовски.

Сето ова длабоко влијае врз квалитетот и успешноста во работата на граничната полиција. Непочитувањето на системот на кариера, притисоците врз луѓето, нивното неколкустепено деградирање само со наредба, како и повеќестепено напредување во кариерата за други лица влијае врз припадниците на службата, дури и врз оние кои во моментот не се зафатени со мобингот.

Извори за нашиот медиум велат дека е точно дека се’ се прави под директна контрола на министерот Оливер Спасовски. Обвинуваат дека тој врши чистка во МВР и брутално ја партизира службата. Долгогодишни искусни професионалци со усни наредби се шиканирани и прераспоредувани, а сега се принудуваат сами да „побараат“ деградирање односно да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата.

И покрај уценувањата и заканите дека „ќе виделе што ќе им се случи“, се поголем број на професионалци кои се на мета на Спасовски и партизираната хиерархија во МВР, се одлучуваат да не молчат и гласно да проговорат за тортурите на кои се подложени се со цел лично да бараат прераспоредување на пониско ниво за да може партизацијата на полицијата да помине што понепречено.

Најнови вести