среда, 10. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кај тинејџер од струшко е пронајдена дрога, веднаш е приведен

Кај тинејџер од струшко е пронајдена дрога, веднаш е приведен
фото илустрација

На 16.07.2019 во 21:20 часот на регионалниот пат Струга-с.Радожда, полициски службеници запреле патничко возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Велешта, струшко, во кое како сопатник бил А.О.(19) од с.Биџево, струшко.

При преглед на А.О., во неговиот ранец,  биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја.

А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.