По краткото невреме кое го зафатија делови од Скопје револтирани граѓани ни испратија фотографии од населеното место Усје во Кисела вода кое како што ни пишуваат тие плива во вода.
Тие велат дека нема ништо од атмосферската канализација која што им ја ветувал градоначалникот Филип Темелковски пред изборите и пред да седне во канцелариската фотелја.
Револтираните жители на Усје преку фотографиите на кои се гледаат реки по улиците му порачаа на Темелковски да се фати за работа.