недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Секој ден исчезнуваат деца од домови, а Царовска молчи

Секој ден исчезнуваат деца од домови, а Царовска молчи

Овие две години наназад секој ден се случува дете од дом за деца без родители да исчезне, да го нема со денови и да не се пријави во полиција.

А, што е уште пострашно министерката за труд и социјална политика не се труди да го реши проблемот и да дознае што е тоа што ги приморува овие деца да бегаат до домовите?

Владата на СДСМ преводена од Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пред изборите во 2016-та година ветуваа живот за сите, но наместо тоа тие ги заборавија сите.

Лошата политика или немањето на политика и преземање на мерки за штитениците од домовите се потврдува од ден на ден.

За исчезнати штитеници на државата во последно време се почесто се информира во полициските билтени. Пријавувањето во МВР, изјави неодамна Царовска, е начин побргу да се најдат додека да почне процесот на деинституционализација на домовите.

Мила Царовска во март, 2018 година изјави: „Тогаш можеме да кажеме дека сме добиле подобро ниво на заштита. Сега она што правиме е да се почитуваат протоколите кога лицето исчезнува да пријавиме во МВР побргу да го врати назад“.

Пред некое време полицијата среде ноќ на скопските улици најде малолетник од домот „25-ти Мај“ кој шест месеци се водел за исчезнат. Од истиот дом 13-годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале бремени.

Скандалите околу поправните домови и домовите за деца без родители не стивнуваат, надлежните молчат, а за наредниот период не се предвидени никакви системски решенија за оваа ранлива категорија на лица. Ниту директорите на домовите, ниту пак министерката за труд и социјална политика Царовска, не превземаат одговорност за катастрофалната состојба во домовите.

Сепак иако ваквата неажурност на институциите во случајот со исчезнатите штитеници, оние за кои според Закон се одговорни да се грижат досега ниеден ваков настан не може да се спореди со хоророт кој се случи во Домот „25-ти Mај“ пред една година. Во домот имаше сексуално злоставувано 13 годишно девојче кое остана бремено, а подоцна и абортираше.

Според истрагата, штитеничката минатата година била принудувана да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа била принудена да питачи. И во овој случај како и кај другите на надлежните вклучувајќи ја и полицијата, обвинителството како и ресорното министерство за труд и социјала им требало неколку месеци да реагираа иако малолетната жртва била најдена полугола и боса во безсознание на улица во Велес. Девојчето повеќе пати на вработените во домот им раскажувало за хоророт кој го преживува, а надлежните во конкретниот случај реагира само откако се испостави дека штитеничката е бремена и за случајот почна да се говори во јавноста.

Хоророт не заврши тука и подоцна се констатираше бременост уште кај две малолетни штитенички на домот, една на возраст од 17 години и друга на возраст од 15 години.

Ниту раководителите на домовите, ниту Царовска немаа одговор за што се случува во овие установи кои наместо да ги згрижат децата ги оставаат на милост и немилост на улица.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека со процесот на деинстиционализација значително се намалува бројот на децата кои без одобрение од претпоставените се оддалечуваат од институциите во кои се сместени, што сепак секојдневните пријави на исчезнати деца во билтените на МВР го покажуваат спротивното.

-Деинституционализацијата на којашто МТСП работи забрзано има за цел да ги извади децата од големите безлични институции и да ги смести во згрижувачки семејства или мали групни домови. Досега, со овој процес 75% од децата кои престојуваа во овие установи веќе имаат топол дом. На овој начин овозможуваме семејна атмосфера, но и стручни лица кои се грижат само за овие деца, со што создаваме подобри услови за нивен развој и напредок.

Инаку, децата кои се оддалечуваат од установите најчесто одат кај роднините и биолошките родители, но бидејќи претходно не го најавуваат своето отсуство вработените во установата или старателите се должни да ги пријават во полиција. По оддалечувањето тие вообичаено сами се враќаат назад. Откако ќе се вратат стручните лица работат на нивно јакнење и се советуваат следен пат да го најават одењето кај роднините. Станува збор за изолирани случаи и овие децата ја добиваат помошта и поддршката која им е потребна, стои во одговорот на министерстовто до редакцијата на КРУИР.

Министерката и оваа влада можеби треба да се потсети на ветувањата кои ги даваа во 2016-та година се со цел да се исполни ветеното. А, ветеното е подобрување на состојбата во домовите и заштитата на оние на кои им е најпотребна.

Најнови вести