вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Лидер“: Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово- Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале милиони во бензинска!

„Лидер“: Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово- Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале милиони во бензинска!

Продолжува рапидната бизнис експанзија на семејството Петрушевски од Куманово, кое е во пријателска и институционална поврзаност со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пишува Лидер.

Откако преку класичен конфликт на интереси, компанијата на Добрин Петрушевски, „Пин Петрол“, доби дозвола за станица за технички преглед, во саботата тие ја отворија најголемата бензинска пумпа во Куманово во населбата „Перо Чичо“ во која покрај станицата и бензинската има и автоперална, супер маркет и ресторан и кафитерија. Ноиот комплекс, почна да работи од понеделникот.

Компанијата која ја отвора станицата, во изминатите години по нејзиното основање не пријавила никаков приход.

На отворањето на новиот комплекс, за кој во кумановската чаршија се зборува дека е директно поврзан со министерот Оливер Спасовски, се појави целата елита на владејачката СДСМ, а божем е „газда“ Спасовски заедно со неговата сопруга се прошета на свеченото отворање на на комплексот на кое имаше и богата културно-уметничка програма.

Повеќе на Лидер.мк.

Најнови вести