понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ветеринарниот факултет со потврда за антракс, нема заболени меѓу нивните вработени

Ветеринарниот факултет со потврда за антракс, нема заболени меѓу нивните вработени

Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје потврди за позитивен резултат на антракс и информира дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи. Согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје – Скопје.

-Факултетот во консултација со Универзитетската клиника за инфективни болести и по нивна препорака, а согласно утврдените протоколи за профилактички третман во случај на потенцијална изложеност на антракс, кај вработените кои биле изложени на контакт со мострата е индицирана профилакса, стои во соопштението.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, како што наведуваат во соопштението, нема вработени лица заболени од антракс.

Најнови вести