петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ацо Колевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Тој добил едногласна поддршка од членовите на Советот на денешната седница и немал противкандидати.

Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвибител.

Колевски ќе го наследи досегашниот претседател Коле Штрејев кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.

Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање.

Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор

Најнови вести