вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неколку лица загинаа во автобуска несреќа во Нов Зеланд

Неколку лица загинаа во автобуска несреќа во Нов Зеланд

Неколку луѓе денеска загинаа откако автобус се преврте во близина на популарната туристичка дестинација Роторуа, на Нов Зеланд, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.

„Можеме да кажеме дека во несреќата има жртви, но, сепак, не можеме да ја потврдиме точната бројка“, се наведува во соопштението на полицијата.

Се верува дека во автобусот за време на несреќата се наоѓале повеќе од 20 лица“, се додава во соопштението цитирано од ДПА.

Брзата помош биле известени за сериозна несреќа во која учествувал автобус кај Натира, на 30 километри северно од Роторуа на Северниот остров.

„Испративме пет хеликоптери, три амбулантни возила и иследник“, се вели во соопштението.

Три лица биле пренесени во болниците во регионот и три биле пренесени во болницата во Роторуа, додека 15 пациенти биле пренесени во друго подрачје за дополнителна проценка.

Се смета дека автобусот бил со туристи, но полицијата не успеа да ги потврди деталите за жртвите, пренесе ДПА. (МИА)