сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американски „Блумберг“: Трајче Заев, братучедот на премиерот, одби разговор за бизнисот со марихуана, Македонија има голем проблем со корупцијата

Американски „Блумберг“: Трајче Заев, братучедот на премиерот, одби разговор за бизнисот со марихуана, Македонија има голем проблем со корупцијата

Јане Севдински порано работел во правниот оддел во Министерството за финансии. Тој и еден пријател сега инвестираат повеќе од 1 милион евра во четири огромни оранжерии.

Поранешниот карате-инструктор Златко Кесковски е многу пред нив. Во неговите објекти, работници облечени во медицински комбинезони ги негуваат цветовите израснати под флуоресцентни светла, внимателно следејќи ги и документирајќи ги производството и складирањето.

„Сите во Македонија сакаат да бидат одгледувачи на канабис“- е насловот на анализата на американски „Блумберг“, која можете да ја прочитате во продолжение.

Можеби станува збор за еден од понеобичните економски модели, но овие двајца се дел од планот да ја претворат поранешната југословенска република сега наречена Северна Македонија во нација на канабис-земјоделци.

Тоа сè уште е во рана фаза, но целта е да се добие дел од глобалниот пазар на медицинската марихуана, за кој се предвидува дека ќе достигне нешто помеѓу 14 и 50 милијарди долари во текот на следните пет години. А без разлика дали се поранешен полицаец, адвокат или роднини на премиерот, се чини дека сите сакаат да се вклучат во тоа.

Повеќе од дузина компании имаат лиценца од 2016 година, а Министерството за здравство обработува уште 20 апликации, и сето тоа во место нешто малку поголемо од Вермонт и со население од околу 2 милиони луѓе, вели Блумберг.

„Сметаме дека тоа ќе биде профитабилен бизнис“, вели Севдински (49), опкружен со празни кофи во своите простории во градот Куманово. Тој и неговиот партнер досега потрошиле 700.000 евра и повторно ќе ја потрошат истата сума за да го покренат бизнисот. „За околу година и пол очекуваме да биде профитабилен“, вели тој.

Прашањето е дали таквата амбиција се совпаѓа со реалноста во земја што неодамна беше во центарот на вниманието поради домашната индустрија на веб-страници со лажни вести, од кои некои станаа озлогласени на претседателските избори во 2016 година во САД.

Економијата по распадот на Југославија беше зависна од извозот на тутун, овошје и зеленчук и автоделови. Сè уште нема закон со кој ќе се дозволи поголем извоз на медицински канабис, иако има меѓупартиска политичка поддршка, а владата вели дека сака да го донесе во наредните недели.

Исто така, постои и проблемот со корупцијата. Балканскиот регион веќе е транзитна рута за нелегални дроги и постои загриженост дека марихуаната може да заврши на црниот пазар, особено без правна рамка за оваа индустрија во развој. Северна Македонија е на 93-то место во Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнел, на ниво со Косово, Панама и Монголија.

Премиерот Зоран Заев стои зад овој поттик, бидејќи Северна Македонија се обидува да си пробие пат на глобалниот пазар, па дури и да се приклучи кон Европската Унија, откако минатата година конечно го реши политичкиот спор со соседна Грција околу името, вели Блумберг. Нацијата е меѓу најсиромашните во Европа, со просечни месечни плати од 450 американски долари.

„Ако сакаме да ја подобриме економијата во Северна Македонија, канабисот е начинот таа да зајакне“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов, законот не им дозволува на земјоделците со канабис да го прават она што на сите им е потребно за да заработат пари: да го извезуваат сувиот цвет. На лиценцираните компании им е дозволено да одгледуваат медицински канабис и да извлекуваат масло, кое може да се извезува. Сепак, само мал дел од нив всушност извлекуваат масло.

Компанијата на Кесковски, НИСК холдингс, е со седиште во Скопје и беше првата што доби лиценца. Поранешниот шеф на обезбедувањето на претседателот вели дека сонот да се стане центар за одгледување канабис зависи од пробивањето на закон што ќе овозможи извоз, а проблемот е што се чини дека владата го има загубено импулсот.

„Ако не се донесе овој закон, оваа индустрија ќе биде мртва“, вели 49-годишникот, седејќи во својата канцеларија полна со чад од цигари, со полица на која се гледаат полупразни шишиња виски. Тој е уверен, сепак, дека неговиот бизнис ќе преживее без оглед на тоа.

И навистина, дејноста во НИСК е сериозно различна од другите. Според турнејата низ земјата минатиот месец, повеќето македонски земјоделци со канабис се чини дека главно го складираат сувиот цвет, надевајќи се дека долгоочекуваната фиксна законска регулатива наскоро ќе им дозволи да го извезат. Ако воопшто успеале да произведат нешто.

Еден од братучедите на премиерот, Трајче Заев, формираше објект за култивирање на 22.000 квадратни метри во близина на градот Свети Николе. Првично беше планирано да се одгледуваат домати, со што премиерот особено со гордее кога се среќава со други лидери.

Минатиот месец во широката необележана стаклена градина, опкружена со боцкава жица и патролирана од четворица безбедносни чувари, немаше канабис. Трајче Заев одби да разговара за својот бизнис кога Блумберг го контактирал преку телефон и имејл.

Проблемот, како и секогаш, за ваквите неразвиени индустрии се парите, според Костадин Дуковски, кој го раководи пет месеци старото здружение на одгледувачи на канабис. Владата се обидува да ве оданочи уште пред да ви пркне производството, додека многу новајлии едноставно ги немаат инвестициите или знаењето, вели тој.

„Тие мислат дека со мали пари можат да направат нешто големо“, вели Дуковски, кој порано го раководел одделот за безбедност во Министерството за внатрешни работи. „Но потребни се сериозни инвестиции за да се успее. Проблемот не е да се стане голем, проблемот е што да се прави со производот“.

Ризикот е дека тогаш би можел да се продава нелегално, вели тој. Тековната залиха на сув цвет и масло подготвени за извоз изнесува приближно 60 милиони евра, проценува здружението на Дуковски.

Еден од луѓето што имаат пари за да ја остварат својата амбиција е Славе Ивановски, милионер што го создал своето богатство од трговијата со природен гас на Балканот, градежништвото и прехранбената индустрија. Откако 16 години е еден од најголемите извозници на зеленчук и јагнешко месо во Северна Македонија, тој се префрлил на медицинскиот канабис.

Неговата инвестиција досега е десетици милиони евра од 2017 година, вели Ивановски. Неговата компанија Оаза Алкалоиди има 45 вработени во новиот необележан објект во близина на селото Таринци. Неговата канцеларија е украсена со биста на Александар Велики, водачот на античкото грчко кралство Македон, чие наследство се наоѓаше во сржта на спорот со Грција.

„Ова всушност го сторивме за да ѝ помогнеме на нашата држава бидејќи таа нема начини на заработка“, вели Ивановски (59). „Наскоро ќе си ги вратам парите. Ова е најдобриот бизнис во светот, пренесува БЛУМберг.

Најнови вести