Истиот ден кога го испративме Зоран Заев во Брисел да лобира, да се обиде да добие дата за отпочнување на преговори, во Собранието добивме честитка од „Илинденска„ бр.2 предлог-закон за опојни дроги по постапка којашто на тој закон му доделува европско знаменце кој се фокусира на производството и трговијата со марихуана, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“.
Тој посочи дека станува збор за лицемерие на Заев.
-Покрај сите арамилуци, криминалии што сте ги направиле сите очи се вперени во вас, таму е пола влада, беа во Њујрк, во Брисел имаат задача дали ќе добиеме датум и паралено со тоа се злоупотребува европското знаменце за да донесе закон кој што се однесува на опојните други, додаде Мицкоски.