недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фејсбук објави нови мерки за претседателските избори во САД

Фејсбук објави нови мерки за претседателските избори во САД

Социјалната мрежа Фејсбук подготвува нови мерки за претстојните претседателски избори во САД следната година.

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението на гласачите.

– Се соочуваме со повеќе софистицирани напади од агенти контролирани од државата. Но, верувам дека сега сме многу подобро подготвени отколку за изборите во 2016 година, изјави сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Една од новите мерки е дека информациите кои доаѓаат од медиумите контролирани од влади на други земји, ќе се појават со назнака во која ќе се наведе нивниот извор. Друга мерка е дека кога корисниците ќе се обидат да споделат вест за која е утврдено дека е лажна од сајтовите за проверка на веродостојноста, ќе биде издадено предупредување дека информацијата е сомнителна.

Фејсбук, исто така, објави дека преземал дополнителни мерки за да спречи профилите на политичарите и другите учесници во изборниот процес да бидат хакирани или компромитирани од злонамерни лица или организации.