среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос повтори рекорд на Меси

Рамос повтори рекорд на Меси

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол синоќа во натпревар од 11. коло од шампионатот на Шпанија против Леганес (5:0). Рамос постигна гол 16. сезона по ред во Ла лига.

Шпанскиот репрезентативец го повтори рекордот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој исто така ги погодувал противничките мрежи 16 сезони во низа.

Рамос е член на Реал од 2005 година.