вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за кичевец поради „оштетување на јавна инсталација“- со багер скинал оптички кабел за телефон и интернет

Кривична пријава за кичевец поради „оштетување на јавна инсталација“- со багер скинал оптички кабел за телефон и интернет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 24.08.2019, во близина на наплатна рампа Гостивар -Тетово, по претходно ангажирање од страна на ЈП „Државни патишта“, пријавениот, додека управувал багер скинал оптички кабел, при што дошло до прекин на телекомуникацискиот и информатичкиот сообраќај, информираат од МВР.