вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Почина позната македонска писателка

Почина позната македонска писателка

Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека вчера во Велес, по подолго боледување, во 69-та година од животот, почина писателката Павлина Климкар Меанџиева.

Павлина Климкар Меанџиева е родена 1949 година во Велес. Својот работен век го помина во родниот град како професор по македонски јазик и книжевност.

Во литературата Меанџиева дебитираше во 1978 година со стихозбирката „Тивнеења“. Потоа објави уште  14 поетски книги, меѓу кои: „Тишина што се слуша“, „Кралица на гревот“, „Голтач на огнови“, „Уста полна светлина“, „Ѕвездени патеки“ и „Наспроти ветрот“.  Беше член на ДПМ од 1995 година.