недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел четврти пат ќе биде канцелар на Германија

Членовите на СПД неколку денови по пошта гласа „за“ и „против“ коалиција со конзервативците на Меркел.
Меркел четврти пат ќе биде канцелар на Германија

Членовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласаа за формирање на коалиција со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел.

Членовите на СПД неколку денови по пошта гласа „за“ и „против“ коалиција со конзервативците на Меркел.

Околу 460.000 членови на СПД гласаа, а 66 проценти од нив одобрија нова коалициска влада на Германија.

Лидерот на СПД, Мартин Шулц изјави дека партијата ќе биде дел од идната германска влада.

Тоа значи дека Меркел четвртипат ќе биде канцеларка, по 12 години минати на власт.