Македонската химна се пее од грлата на македонските иселеници кои живеат во Мелбурн. Улиците се обоени во црвена боја.
Нашинците застанаа во одбрана на името, јазикот и идентитетот на нашата држава Македонија.
Протести на дијаспората организирани како „Ние сме Македонци“ веќе се одржаа во Малме во Шведска, Вашингтон во САД и Сиднеј во Австралија, а исто така протести ќе има и низ Северна Америка и Европа.