Граѓаните на Охрид и регионот на кои им е потребно да направат компјутерска томографија за да им се одреди дијагноза, не е можно да го добијат тоа бидејќи апаратот во болницата не работи од минатата година есента.
Поради тоа граѓаните се испраќаат на други места.
-Ова за Охрид е голем хендикеп, а ние имаме голема потреба од една таква опрема. Веќе долг период не работи компјутерската томографија, треба да се чека уште неколку месеци, а болестите не чекаат, рече докторката Виолета Мицковска.
Пациентите се жалат дека и кога ги препраќаат, тие не се во можност секогаш да заминат во друг град или Скопје.
-Немаме пари д аодиме во дуг град, поинаку е тука, велат пациенти.
Уредот може да работи, но за поправка се потребни 6 милиони денари, пари кои болницата ги нема затоа што блокирана и е банкарската сметка.